Украина има целосна контрола над градот Харков во североисточна Украина, објави на социјалните мрежи регионалниот гувернер Олег Синегубов.
-Контролата над Харков е целосно наша! Вооружените сили, полицијата и одбранбените сили работат, а градот целосно се чисти од непријателите, напиша Синегубов на Телеграм, споделувајќи и фотографии од заробени руски војници.
Руските трупи влегоа во вториот по големина град во Украина во неделата рано наутро.
Снимките кои кружат на социјалните мрежи покажуваат улични тепачки меѓу украински и руски војници.
Би-би-си јавува дека ситуацијата на теренот е нејасна и дека тврдењата за контрола е тешко да се проверат, но дека и цивилите на терен им кажале дека Харков повторно е под контрола на Украина и дека конфликтот на улиците стивнува.