Пратеник во македонското собрание е во врска со старлета и и плаќа стан во Скопје иако е во брак и има деца, оваа информација ја пласираше порталот Либертас.
Според информацијата на Либертас македонска старлета, актуелна во последно време, е во тајна врска со пратеник кој е во брак, повозрасен е, и е од внатрешноста на државата. Тој според пишувањата на порталот, пред подолго време изнајмил и и плаќа стан на младата старлета, наводно во зграда во скопската населба Аеродром.
Имињата и на старлетата и на пратеникот и биле познати на редакцијата на Либертас, но бидејќи немале потврда, а и за да не се мешаат во приватноста не ги објавуваат.
Останува да погодувате кој е македонскиот Берлускони?