Имаше инспекција во Министерството за труд – го испитувале статусот на Царовска


Од страна на Државниот управен инспекторат во Министерството за труд и социјална политика (МТСП) беше извршен инспекциски надзор по анонимна претставка од загрижени граѓани кои изразиле загриженост дека неовластено лице решава граѓански проблеми. На Управниот инспекторат му беа доставени сите документи од интерес за претставката.frosina remenski

Ова доаѓа откако вчера Спасов обвини дека Мила Царовска незаконски била одредена да постапува по прашањата на граѓаните, иако не била вработена во Министерствто. Но, Ременски вели, дека Цароска е ангажирана како советник во нејзиниот кабинет, согласно законот. Министрите и дополнителните заменици министри избрани на 11.11.2015 година со Законот за влада имаат право на три административни службеници и тројца кабинетски советници на министерот. Мила Царовска согласно законот е еден од кабинетските советници на министерот

Беше аргументирано со документи дека, задолжено лице за одговарање на прашањата кои пристигнуваат на официјалната емаил адреса на министерството е Наташа Методиева, административен службеник во Кабинетот на министерот, долгогодишна вработена во министерството, информираше попладнево министерската Фросина Ташевска – Ременски.

– Сакам да нагласам дека, одговорното лице за официјалната емаил адреса не одговара на граѓаните во смисла на управна постапка. Оттука, граѓаните не треба да стравуваат, затоа што одлучувањето по нивните барања го прави одговорните по надлежност во министерството. Шеф на кабинет на министерот за труд и социјална политика е административниот службеник Јована Тренчевска, долгогодишна вработена во Министерството за труд и социјална политика. Третиот административен службеник во кабинетот на министерот е Слободанка Лазова Здравковска административен службеник во кабинетот на министерството, вработена во министрерството – информира министерката.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1