Имате главоболки или егзема? – може да ви е од дезодоранс


Главоболките, егземата, астмата, па дури и фатални срцеви проблеми можат да бидат предизвикани од прекумерна употреба на дезодоранси во спреј.

Всушност, дури 50 проценти од децата сега користат дезодоранси уште на возраст од 11 години, а свесноста за сопствениот мирис на телото често ги поттикнува да се намирисаат повеќе отколку што би требало.

dezodoransНекои експерти се загрижени за навиките на тинејџерите дека претеруваат со дезодорансите, предупредувајќи ги дека хемикалиите од аеросолот може да предизвика алергиски реакции на кожата, астма и проблеми со дишењето. Во многу ретки случаи може да предизвика и фатални срцеви проблеми.

Податоците покажуваат дека еден од тројца возрасни во Велика Британија имаат некоја форма на алергиски заболувања – астма, ринитис или егземи, нивните симптоми често ги предизвикуваат парфимираните производи и хемикалиите во аеросолот.

Дури и луѓето без алергии може да се чувствителни на хемикалиите кои се наоѓаат во производите за чистење и доживуваат реакции на кожата, тешкотии при дишењето, мачнина или главоболка.

Упатствата на дезодорансите сугерираат да не се користат во затворен простор, но повеќето луѓе не излегуваат надвор за да се намирисаат со своите дезодоранси.

Се разбира, тоа најчесто го правиме во бањата со затворена врата, а ќе забележите дека младите се прскаат со дезодоранси по целото тело.

На корисниците им се советува миристе да ги користат на кратки интервали во добро проветрени простори и да се избегнува продолженото прскање.

Експертите се незадоволни со недоволната реакција на властите, тие веруваат треба сериозно да се регулира пазарот со дезодоранси.

Во меѓувреме, ги советуваат тинејџерите да се држат до рол- он дезодорансите и тоа по можност до оние природните. Родителите ги советуваат да ги предупредат децата да ги користат спреј дезодоранси кон отворен прозорец и тоа во кратки интервали.

Денешен

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1