Имате кабаст отпад од дома – можете да викнете бесплатно да ви го фрлат – еве како


„Комунална хигиена“ набави нови пет возила за подигање кабаст отпад. Камионите се со носивост од два кубни метри и се во вредност од околу осум милиони денари. Со оваа набавка конечно ќе биде решен проблемот со неконтролираното одлагање на овој вид отпад.

Foto - Skopjeinfo.mk

Foto – Skopjeinfo.mk

Со воведувањето на новата програма за третирање на кабаст отпад, граѓаните ќе имаат можност да се договорат со општината во која живеат и со „Комунална хигиена“ четири пати во годината бесплатно, на определени локации и договорени термини, да ги остават своите стари и непотребни предмети со погабаритни големини, односно различен вид мебел, стари електрични апарати, како и инертен отпад од реновирање на домовите кој треба да биде уредно спакуван во вреќи. Но, граѓаните можат во кое било време во текот на годината да се јават и да ги повикаат екипите на „Комунална хигиена“ да дојдат и со овие возила да го подигнат отпадот од пред нивните домови, но тоа ќе биде со симболична наплата на услугата. Исто така, самите граѓани имаат можност бесплатно во кое било време овој отпад да го одложат во рециклажниот двор во Карпош со сопствено возило.

Директорот на ЈП „Комунална хигиена“, Ракип Дочи, ги повика граѓаните да се јават на бесплатниот телефон 0 800 222 33 и да ја повикаат службата за да го собере нивниот отпад.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1