Имате ли претстава на што спиете? – МОРАТЕ ВЕДНАШ да ја исперете постелнината


Редовното одржување на хигиената на телото е нешто за кое речиси секој води сметка, но без оглед на тоа повеќето луѓе сметаат дека е во ред да се менува постелнината секоја втора или трета недела. Но, тие не се свесни во што всушност спијат, и зошто е потребно многу често тоа да се работи.grinje-grinja-2-620x350

Сите знаеме дека со текот на спиењето нашите тела им се случуваат разни работи, постојано се потиме, кожата ни се љупи, а исто така се ослободуваме од телесното масло и други течности. На постелнината може да се најде слузнина, генитални течности и фекалии, особено ако спиеме само во долен веш.

„Ако постелнината не ја переме редовно, а имаме гребаници и рани по телото тие можат да се инфицираат. Атлетското стапалo и другите габички можете да ги добиете од нечистата постелнина“, предупредува Марлов Леверет која е експерт за грижата во ткаенини за АТТН, пренесува 24 часа.хр.

Додава дека постелнината би требало да се менува еднаш неделно за да се избегне нехигиенското спиење.

Реткото перење на постелнината овозможува продирање на телесните течности и фекалии во самиот јастук и јорган кој е многу тешко да се испере од самата постелнина.

Бројните акнети покажуваат дека повеќето луѓе сметаат дека постелнината треба да се менува на секој две до три недели, а оние кои спијат голи мислат дека е доволно да се промени еднаш месечно.

Но, еднаш неделно е оптималнот за да се спие во чисто, хигиенско опкружување.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1