Тест-фазата од електронскиот систем за наплата на Јавното сообраќајно претпријатие е во тек, а од претпријатието сѐ уште ги испитуваат предностите и слабостите со кои се соочуваат не само тие, туку и нивните патници.
Привилегирани се само највозрасните, бидејќи ним им се дава можност први и организирано да дојдат до персонализираната скопска е-картичка. Средношколците за бесплатен билет треба да ги исполнуваат условите пропишани од Градот, ќе добијат билет ако живеат повеќе од 2,5 километри оддалеченост од училиштето.
За персонализираните картички веќе работат билетарниците на ЈСП во периодот од 7 до 19 часот во работни денови. Картички се изработуваат во билетарниците на ЈСП, Транспортен центар, Бит-пазар, Порта Влае, во дирекцијата на ЈСП, во Центар „ЈСП Турс“ и во Аеродром. Од 20 август персонализирани картички ќе може да се вадат и во билетарниците кај Шумарски факултет и во Карпош 2
За сите нејаснотии што ги имаат граѓаните во врска со е-картичките, начинот на нивното вадење и постапката, како и за сите прашања на кои сакаат да добијат одговор ќе можат да се јават на бесплатниот телефонски број 080015115.