Салмонела потврдена кај тројца велешани


Во текот на првите 11 дена од месецов во Велес и околината биле регистрирани 32 лица со дијареја и повраќање, а кај тројца од нив е потврдено присуство на бактеријата салмонела, пренесе МИА.

Билјана Трајкова, епидемиолог од ЈЗУ Центар за јавно здравје во Велес, рече дека пациентите кај кои е потврдено присуство на салмонела меѓу другите симптоми развиваат и дијареа.salmonella_blog_pic

Таа истакна дека салмонелата се пренесува преку контаминирана храна и затоа посебно во овие летни денови храната треба добро да се мие и термички обработи и да се води сметка на хигиената посебно на рацете по одење во тоалет.

Инаку, според евиденцијата на ЈЗУ Центар за јавно здравје-Велес, во текот на јули во поширокиот велешки регион биле регистрирани 65 случаи со дијареја и повраќање и четворица пациенти кои биле затруени од храна. Од нив најголемиот број 51 биле од Велес.

Д-р Трајкова рече дека состојбата е вообичаена за овој период од годината. Таа посочи дека за разлика од пред пет шест години кога имало и до 700 случаи на пациенти со ентероколити и помал број на труења со храна.

– Бројката на пациенти со вакви симптоми сега е повеќепати намалена, а тоа се должи на поголемата грижа на граѓаните за здравјето, одржувањето лична хигиена, како и за храната. Засилените санитарни инспекции на сендвичари и пицерии, и построгите казнени мерки повеќекратно ги намали ваквите случаи со салмонела, труења со храна и ентероколити. Но, тоа не значи дека граѓаните не треба да бидат претпазливи што и од каде консумираат храна и како ја подготвуваат во своите кујни, потенцира д-р Трајкова.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1