Хрватска на нозе по ликвидацијата на Салопек


Хрватскиот државјанин киднапиран пред три недели во Египет Томислав Салопек е погубен, јавија западните медиуми,

Порталот Индекс.хр пишува дека на интернет се појавила снимка од погубувањето на Салопек, со апел до сите хрватски медиуми да не го објавуваат. Порталот повикува и читателите да не споделуваат фотографии по социјалните мрежи, не само во знак на почит кон Салопек и неговото семејство, туку и затоа што објавувањето на овие фотографии е целта на исламските терористи.hrvat-isil500

Информацијата за погубувањето на Салопек беше објавена на Твитер налози, што ги користат припадници на Исламска држава. На Твитер се појавија и слики на кои наводно се гледа телото на обезглавениот Хрват.

Хрватскиот државјанин е киднапиран на 22 јули на територијата на Каиро, додека со службено возило патувал на работа. Салопек работел за француската група ЦГГ.

Хрватскиот премиер Зоран Милановиќ изјави денеска дека не може стопроцентно да ја потврди егзекуцијата на хрватскиот државјанин Томислав Салопек, но како што рече од досега видените и утврдени факти, тоа за жал навистина се случило,

Милановиќ на вонредната прес-конференција рече дека Хрватска нема да престане, заедно со претставници на надлежните служби на другите држави, да трага по Салопек, се додека не се изгуби и последната надеж.

– Се плашам дека, иако не можам стропроцентно да потврдам, дека по првпат на хрватски државјанин му се случи она што за жал им се случуваше и на други граѓани, рече Милановиќ.isis

– Хрватска нема да учествува во борбени акции против т.н. Исламска држава, рече хрватскиот премиер и потврди дека уште денеска е направен обид да се потврди автентичноста на фотографиите од погубувањето.

Исламски милитанти на 5 август објавија снимка на која Салопек во пустина со маскиран маж со нож во рака, чита од лист хартија дека киднаперите ќе го убијат во рок од 48 часа, доколку египетската влада не ги ослободи уапсените муслимани.

Киднаперите потоа не објавија никакви информации, а египетските сили за безбедност покренаа голема потрага по Салопек.

Доколку се потврди информацијата дека припадници на ИД брутално го убиле Томислав Салопек, тоа ќе биде нивно деветто обезглавување на странски државјанин.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1