Имате право да барате надомест ако лекарот не ви дојде на закажано


Министерот за здравство Никола Тодоров во интервју за ТВ Сител објасни дека ако лекарот не дојде на закажаниот термин или тој се одложи, пациентот ќе добие соодветен надомест. Тој, како што вели, е свесен дека проектот „Мој термин“ е еден многу уникатен систем кој не е имплементиран досега во Европа за електронско закажување.

todorov– Тука имаме проблеми на две страни кои ги знаеме уште пред имплементацијата на системот, а тоа е проблем на страната на лекарите и проблем на страната на пациентите. Предвидовме во Законот соодветен надомест да му се исплати на пациентот, кој не ја добил здравствената услуга која му била закажана преку електронскиот систем и секој пациент има право тоа да го бара. Јавно апелирам до сите пациенти секогаш кога неоправдано здравствената услуга нема да им биде дадена, а имале закажан термин да си побараат рефундација на трошоци од здравствената установа, која потоа е должна да побара рефундација на тие трошоци од докторот по чија вина е откажан терминот неоправдано – вели Тодоров.

Според него, вториот сегмент – кога пациентите не доаѓаат на закажаниот термин, е исто крупен проблем.

– Тука презедовме една мерка за СМС известување кое дава ефекти, 65 проценти од термините беа искористени, односно граѓаните доаѓаа на закажаниот термин, а сега дојдовме до 87 проценти, што можеби не е целосно доволно, но има сериозен напредок. Очекувам дека во наредниот период овој процент се повеќе и повеќе ќе се зголемува и ќе нема термини кои неоправдано пропаѓаат. Овој систем на среден рок комплетно ќе го промени функционирањето на здравствениот систем од сите аспекти – и од аспект на хоспитална култура, но и од квалитативен аспект, бидејќи докторите секој ден се подготвени за пациентите кои доаѓаат, ги знаат дијагнозите, знаат колку пациенти имаат, може да се подготват, тоа посебно влијае на квалитетот на услугата која ја даваат – вели Тодоров

ordinacija lekarТој во интервјуто вели дека има појави на доцнење на лекарите на закажаниот термин за преглед, меѓутоа додава дека во здравствениот систем не може секогаш до минута се да биде испланирано.

– Секогаш постојат определени компликации, различни случаи – некој е полесен, а некој е потежок. Некогаш постојат итни случаи и докторот мора да реагира, да се качи во сала или некои други причини кои може малку да го одолжат времето. Меѓутоа ,тоа е многу различно од она што го имавме претходно кога сите пациенти доаѓаа во  8 часот и чекаа додека не бидат прегледани, некој беше прегледан во 8 часот, некој во 10, некој во 12, некој во 13 часот. Сега доаѓаат во точно определено време, можеби ќе почекаат 15, 20, 30 минути, но тоа ќе овозможи прво да се почитува времето на докторот, а второ да се почитува времето и на пациентот. Ова е еден систем кој сериозно треба да помогне да се подигне неколкукратно хоспиталната култура и односите во здравството, и почитувањето на времето на докторот и почитувањето на времето на пациентот – вели Тодоров.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1