Како да го отстраните лошиот мирис од пешкирите и крпите


Мирисот на мокрите крпи за плажа, на кујнските и на крпите кои се користат за туширање може да биде одвратен. Тој непријатен мирис често предизвикува мувла од која тешко можете да се ослободите.

cist-peskir-menjanje-peskira-kuhinjske-krpe-1342816912-188097МЕТОД СО АМОНИЈАК 
1. Ставете ги крпите во машината за перење.
2. Додадете нормална количина прашок за алишта.
3. Користете ја најтоплата можна вода. Не додавајте омекнувач или некои други производи.
4. Следете го работењето на машината за перење до програмата за плакнење. Тогаш додадете шојла амонијак.
5. Пуштете ја машината да го доврши работењето.
6. Веднаш извадете ги крпите од машината за перење. Исушете ги на нормална програма во машината за сушење алишта или изнесете ги на сонце.

peskiri-vlaga-bud-1328585176-112565МЕТОД СО ОЦЕТ
1. Ставете ги крпите во машината за перење алишта и тоа на највисока можна температура. Дададете шолја или две бел оцет. Не додавајте детергент, омекнувач или кои било други производи.
2. Оставете ги крпите во машината за перење и исперете ги повторно со сапун за перење на алишта и со сода. Повторуваме, користете ја најтоплата достапна вода. Не користете омекнувач или кои било други производи.
3. Исушете ги во машината за сушење алишта на највисока температура. Крпите мора да бидат потполно суви кога ќе ги извадите надвор од машината за сушење. Ако не се суви, вратете ги назад или извадете ги веднаш и оставете ги да се исушат на сонце.

ПОВТОРЕТЕ ЈА ПОСТАПКАТА И НАТОПЕТЕ ГИ АКО Е ПОТРЕБНО 
1. Помирисајте ги крпите откако сте завршиле еден од горенаведените методи. Ако не сте се ослободиле од одвратниот мирис на крпите, потопете ги повторно во текот на ноќта.
2. Наполнете сад со вода, доволно за да ги прекрие крпите.
3. Додадете шолја амонијак. Измешајте ја смесата со крпите неколку пати и оставете да отстои преку ноќ.
4. Наутро додадете прашок за алишта без избелувач и вклучете ја програмата за перење.

Плус Инфо

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1