Македонски феномен: Плаќаме рати и кога немаме пари


Срамот од долгување надграден со високите камати и стравот од извршители, како и скржавоста на банките што не дозволија преголемо задолжување, се смета дека ги спасија макеоднските граѓани од српското и хрватското сценарио, според кое спасот на домаќинствата од презадолженоста го бара државата пишува Вечер.

smetkiЖивотот на кредит подолго време е балканско секојдневие. Кон средината на минатата деценија на жителите од регионот им се оствари желбата, како и на европјаните да земаат кредити, но денес, во комбинација со високите режиски трошоци и економската криза која не ги одмина и овие простори, тоа им се удира од глава.

Тешко е да се најде и жител на Македонија кој ќе каже дека без проблеми ги плаќа ратите од кредитите и режиските трошоци, но дали заради специфичниот менталитет или поради скржавоста на банките, кои не дадоа многу кредити, кај нас ситуацијата е сосема поинаква. Додека Хрватите чекаат на исполнување на ветувањето на Владата дека ќе им ги отпише долговите на граѓаните кои имаат една недвижнина во која живеат и долговите кон јавните комунални претпријатија, а во Србија сериозно се заговара истата шема, Македонците или барем поголемиот дел од нив, се чини, се уште имаат капацитет самите да се справуваат со ситуацијата.

Истражување на Државниот завод за статистика (ДЗС) открива дека Македонецот прво ги плаќа кредитите, па комуналните сметки и до крајот на месецот живее со тоа што ќе му остане. Според истражувањето, 90% од граѓаните редовно ги плаќаат кредитите, без разлика на тоа дали кога ќе достаса ратата имаат пари, или не.

Владее едно мислење за човекот од овие простори дека секогаш имал обзири кон другиот кога му должи. Исто така, плаќањето на кредитите во Македонија се врзува со камати, извршители и други нешта, па владее и стравот дека долгувањето е опасно. Историските корени од животот во оскудица денес се надградени со многу норми и правила, кои ако не ги почитуваме, ќе се соочииме со тешки последици. Има општества кои немаат таков однос кон долговите – објаснува социологот Илија Ацески.

Од друга страна, македонските граѓани во целата измината деценија, а и денес се најмалку задолжени во регионот. Долгот кон банките по жител за малку надминува 700 евра, додека во Србија достигна 830 евра, а во Хрватска, заедно со неплатената струја, вода и други комуналии, скокна до фантастични четири до пет илјади евра.

Vecer

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1