Имате стар кауч, креденец – ќе може бесплатно да се ослободите од нив – еве како


Општина Аеродром во соработка со јавното претпријатие „Комунална хигиена“ на 26 и 27 февруари ќе спроведе акција за собирање кабаст отпад. Граѓаните кои имаат кабаст отпад од 7 до 11 часот ќе можат да го одложат пред своите куќи или згради.

Foto - Skopjeinfo.mk

Foto – Skopjeinfo.mk

– Треба да се внимава отпадот да не го попречува движењето на пешаците и возилата, но и местото да биде пристапно за возилата на ЈП „Комунална хигиена“ за тие да можат непречено да го соберат отпадот, информира општина Аеродром.

Акцијата на 26 февруари ќе се одвива во Ново Лисиче, Реонски центар „Аеродром“, населбата Лисиче и Горно Лисиче. Акцијата на 27 февруари ќе се одвива во населбите Мичурин, Стар Аеродром, Острово и Јане Сандански.

Под кабаст отпад се подразбира делови од мебел, бела техника, електронски апарати, но не и градежен шут.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1