Имотно-правен инцидент во Старата скопска чаршија, интервенирала полицијата


Сопственик на објект во изградба спроти хотелот Арка во Старата скопска чаршија го демонтирал скелето кое било поставено на хотелот, пријавила попладнево во полиција вработена во „Арка“.

Како што информираа од МВР полицијата веднаш излегла на лица место по добиената пријава и констатирале дека се работи за имотно правен проблем и дека не бил нарушен јавниот ред и мир. Лицата биле предупредени и упатени да го решат проблемот преку надлежните институции.

– По одредено време, превентивно, повторно е излезено на лице место и по извршениот разговор со лицата затекнати пред хотелот, полицајците биле известени дека засегнатите страни се упатиле во Општина Чаир, појаснуваат од МВР.

Подоцна во полициската станица Бит пазар повторно добиле пријава дека некој го попречува влезот во хотелот, односно не им дозволувал излез на гостите. Од полицијата велат дека повторно излегла на терен и констатирале дека нема никакво попречување на влез и излез за лица од хотелот. МВР информира дека дополнително се превземаат мерки и активности во утврдувањре на фактите од пријавата и целосно расчитување на случајот.

 

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1