Ин мемориам: Почина познат македонски новинар


По долго и тешко боледување, утринава во Скопје, на шеесет и две годишна возраст почина Владимир Антонов.vlade

Антонов, правник по образование, своите најплодни години ги мина како новинар и уредник на деск во Македонската телевизија, во Сител и во Канал 5, а кариерата ја заврши како уредник на вестите на англиски јазик на скопски Промовенс.

Ерудитот и мајстор на пишаниот збор, Владе Антонов, беше учител и ментор на многу денес познати новинари и уредници во многу медиуми во Македонија.

Последна почит ќе му биде оддадена в сабота, на 7 јануари во 10 часот во капелата на гробиштата Бутел, а погребот ќе биде извршен во 11 часот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1