Индиец преживеал несреќа и добил на лотарија


Индиец, авто-лимар од Дубаи, доживеал двојна среќа, преживеал несреќа со авион и на лотарија добил милион долари.

Мохамед Башир, кој за чудо едвај преживеал и излегол жив од запалените остатоци од патничкиот авион на компанијата „Емирејтс“ кој се срушил при слетување во Дубаи, не им верувал на своите уши кога му стигнал телефонски повик да дојде да си подигне милион долари кои го добил на лотарија.indiec loto

Башир го купил лозот на 6 јули, непосредно пред да влезе во авионот на пат за родниот град во Индија.

По 16 неуспешни обиди, ова му било последен пат да купи талон кој чини 270 доларил.

Кога еден месец подоцна, на почетокот од август, се враќал од Индија, авионот со 300 патници удрил во писта и се запалил, а Башир со другите патници излегол во последен час низ тобоган и заминал право на работа.

Кога во вторникот дознал дека неговиот лоз добил милионска премија, од сите страни почнале да му се јавуват, а во компанијата каде што работи, дошле двајца банкари да му ги понудат своите услуги и да се фотографираат со него.

Шеесет и двегодишниот Башир вели дека парите нема да го променат неговиор живот, но ќе му го подобри животот на неговиот полупарализиран син, како и на неговата ќерка, сопругите и на внуците.

Тој планира да работи до старосна пензија, а она што е ново е тоа што со премијата ќе настојува да им помогне на сиромашните да се обучат за работа.

Тој веќе 37 години работи за Дубаи, а за АП изјавил: „Не траба да фрлате пари давајќи му ги некому туку така. Парите вредат само ако се заработат вредно“.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1