Вработен во „Затвор Скопје“ примал поткуп


Oдделот за сузбивање организиран и сериозен криминал поднесе кривична пријава против лицето М.К. (22) од Скопје, вработен како помлад надзорник за внатрешно и надворешно обезбедување во Казнено поправна установа „Затвор Скопје“ поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „примање поткуп“.zatvor kjelija

Како што соопшти МВР Скопје, пријавениот искористувајќи ја својата службена положба со намера да се стекне со противправна имотна корист примил ветување за поткуп од засега неутврдена вредност од лицето Н.А., за на притвореното лице Ш.А., син на Н.А., му предаде телефонски апарат кој притворените лица не смеат да го имаат.

Осомничениот од Н.А. превзел еден телефонски апарат и на 05.08.2016 година неовластено во забранетиот дел од затворот го внел телефонскиот апарат со намера да го предаде на притвореникот Ш.А. Истиот ден околу 01:05 часот од страна на претпоставени лица од КПУ „Затвор Скопје“ извршена била контрола и кај осомничениот биле пронајдени два мобилни телефонски апарати и банкнота во апоени од 50 евра, при што тој бил приведен.

Од страна на судија на претходна постапка одредена му е мерка притвор во траење од 30 дена, стои во соопштението.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1