Индијанската тајна за вечна љубов


Постои стара индијанска приказна која ја раскажува приказната за двајца млади индијанци, момче и девојка, заљубени еден во друг.

20131230-indijanskata-tajna-za-vechnata-ljubov-mЕден од нив отишол кај големиот поглавар на нивното племе и му рекол одлучно: „Ние се сакаме. Сакаме да ни го дадеш својот благослов и да не` поучиш што треба да направиме за нашата љубов да трае вечно“.

„Добро“ – им рекол поглаварот. „Ќе ви кажам што да направите, но најпрво дојдете со мене горе на планината и пронајдете два орли, земете ги со вас, па потоа ќе видеме што понатаму“.

Двајцата млади отишле по различни патишта и после кратко време секој од нив донел по еден орел. Кога стигнале на врвот на планината, поглаварот им рекол: „Земете го ова кратко јаже и врзете го на едната нога на секој орел“. Заљубените го послушале и им ги врзале нозете на птиците.

„Сега пуштете ги да летаат“ – им рекол поглаварот.

Момчето и девојката ги пуштиле птиците во вис, но тие не можеле да полетаат бидејќи нозете им биле врзани. Паднале на земјата и започнале да се колваат еден со друг, во обид да се ослободат од јажето. Тогаш стариот индијанец им рекол: „Сега пресечете го јажето!“.

Откако го пресекле јажето, тие повторно ги пуштиле орлите кои овој пат за брзо време се издигнале на небото и полетале. Тогаш мудриот поглавар им рекол:

„Ова е тајната на вечната љубов и среќа: ако луѓето се врзани едни со други, никогаш нема да успеат да полетаат. Вие можете слободно да летате заедно без да бидете врзани. Ако се врзете никогаш нема да дознаете за љубовта и среќата“.

Fakulteti.mk

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1