Дали ќе ја сретнете сродната душа во 2015 година?


Влезот на Сатурн, после 28,5 години во знакот на Стрелец ќе има влијание и врз вашиот живот во 2015 година. Не ви е јасно како планетата на строгост и дисциплина може да влијае на емоциите? Може, затоа што Сатурн е и симбол на трајноста и одговорноста што во аспект со љубовните планети навестува долги врски. Огнените и воздушните знаци, Овновните, Близнаците, Лавовите, Вагите, Стрелците и Водолиите, особено во првата декада, можат да сретнат личност која некогаш многу им значела.love

Овен.
Затоа што сте упорни и дрски, не се откажувате додека не го „изморите“ противникот, односно оној кој ви „паднал“ в очи. Помладите дами можат да се најдат на мета на некоја Водолија или Лав, а на посилниот пол може да му се допадне еден недопирлив Близнак или Стрелец кој не го држи место.

Бик. Вашиот шарм и упорност се без конкуренција меѓу знаците, секогаш се трудите да оставите силен впечаток на оној кој ви се допаѓа. На некоја припадничка на Рак ќе и се допадне вашиот заштитнички став, а на некоја Девица сигурноста со која зрачите. Ако сте дама, тешко ќе му одолеете на некој  упорен Јарец или еротична Риба.

Близнаци.
Весели сте, духовити и забавни, во ваше друштво никогаш не е здодевно, што во првиот месец од новата година тоа може да и одговара на некоја шармантна Вага или таинствена Водолија, посебно ако сте жена. Мажите родени во овој знак без најава може да станат мета на некоја жена Лав или Овен.

Рак. Романтични сте и никогаш не ви е доста од нежности, што и давате до знаење и на личноста која ви се допаѓа. Една магнетно привлечна Скорпија или сензуална Риба, ќе успее да го привлече вашето внимание, посебно ако сте припадничка на понежниот пол. Машките Ракови би требало да обрнат внимание на Биковите и Девиците кои веќе ги познаваат.

Лав. Страсни сте и топли, често паѓате на надворешниот сјај, иако секогаш умеете да препознаете искрени емоции, особено ако потекнуваат од страсниот Овен или романтичната Вага. Ако сте маж, нема да одолеете на хуморот на Близнаците или спонтаната лежерност на Стрелецот.

Девица. На вашата практична, перфекционистичка природа најмногу и годи малку опуштање во друштво на весели личности кои умеат да уживаат, а таков во новата година може да биде еден Бик, иако може да ве импонира и доминантен Јарец. Машките претставници на знакот веројатно ќе ги привлече Скорпија или Рак.

Вага.
Важите за еден од најшармантните знаци, заради што спротивниот пол едноставно ќе се „лепи“ за вас. Една недопирлива Водолија или некој духовит, зборлест Близнак во јануари би можел да го привлече вашето внимание. Ако сте маж, лесно ќе заинтересирате еден Стрелец или Лав.

Скорпија
. Заради вашата харизматичност и таинственост, никако не можете да останете незабележани, секогаш зрачите со сексапил. Во новата година ќе влезете со една пречувствителна припадничка на Рак или еротична Риба, ако сте маж. На дамите Скорпии може да им се допадне некоја срамежлива Девица или воздржан Јарец.

Стрелец. Спонтани сте и природни, весели и опуштени, вистински магнет за некој великодушен Лав или „откачена“ Водолија кои ретко кога можат да му одолеат на вашиот шарм. Мажите Стрелци може да очекуваат љубовна понуда од некој страсен Овен или тактична Вага.

Јарец.
Оваа година можна е паралелна тајна врска со Девица и Скорпија. Ако сте дама нема да останете имуни на додворувањето на една мистична Риба или лежерен Бик.

Водолија.
Уживате да ја шокирате околината во се, па зошто тогаш љубовните односи би биле исклучок?  Во јануари можно е да ве заинтересира некоја Вага или Близнак на кого нема да му пречи што постојано ги менувате плановите. Жените Водолии може да запознаат еден Стрелец или Овен.

Риби.
Вашата сензуалност и еротичност нема да останат незабележани, каде и да се појавите, посебно ако сте дама. На една таинствена Скорпија или упорен Рак во јануари може да му појде од рака да ве освои. Ако сте маж, вие можете да освоите некој Јарец или Бик.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1