Паника во Инфективната клиника, каде што денеска почина пациент со симптоми слични на болеста ебола. Извори од клиниката, информираат дека се врши итна дезинфекција на просториите, влезот е строго забранет, а се палеле и чаршавите кои биле во допир со пациентот, пишува Нет прес.
Во случаи на вакви опасни и преносливи болести, контагиозниот материјал се става во жолти вреќи со специјална ознака и се транспортираат во депонијата Дрисла, каде што се спалува.
За потсетување, се работи за странски пациент, кој воедно е и првиот сомнителен случај за смртоносната болест ебола,која засега официјално се’ уште не е потврдена.