Инстаграм ѕвездата Ешли Олсен убиена по разврат во клуб на Србин (ФОТО)


Американската уметничка и Инстаграм ѕвезда Ешли Олсен (35) е убиена во Фиренца откако била учесник во настран секс на кој сама се согласила, наведува италијанската полиција. Нејзината мистериозна смрт ја потресе Италија. Полицијата соопштила дека Ешли била задавена со УСБ кабел што го потврдила аутопсијата, како и дека убиецот исто така е идентификуван. Наводно, во прашање е илегален имигрант од Сенегал за кого се смета дека е дилер познат на жртвата, а во станот исто така е пронајдена и дрога.2FF5F06900000578-3391987-image-a-27_1452376815010

Инаку, Ешли ја пронашло нејзиното момче Фредерико Фиорентини (42) во саботата, кој дошол до нејзиниот стан откако таа не му одговарала на телефонските повици. Нејзиното момче, американско-италијански уметник, наводно немал копии од клучевите од станот. Кога со сопственичката влегол во станот таму го затекнал преплашеното куче на Ешли и нејзиното безживотно тело. Се обидел да ја оживи, но безуспешно. Полицијата засега не го сомничи Фиорентини за смртта на Ешли. Нејзината мајка во моментот е на пат за Италија.

Српски „Мондо“ пишува дека Ешли Олсен последен пат е видена во четвртокот во клубот „Монтекарло“ во Фиренца, познат по разврат, секс, дрога и сопственикот Србин -Јово Вукелиќ, познат по долгата црна коса и белите палтиња. Минатиот четврток навечер, по цела вечер пијанчење во различни кафулиња во Олтра Арна, популарна населба во Фиренца, Ешли Олсен се упатила во клубот „Монтекарло“, и оттаму не е познато што се се случувало со несреќната девојка.301188D600000578-3395019-image-a-6_1452569667390

Мрачниот клуб, од затворен тип во кој може да влезат само членови и луѓе кои ги познава сопственикот, е познат како „место во кое можете да пронајдете се“, од секс до дрога. Се претпоставува дека Ешли заминала дома со некого. Сепак, некои сведоци наведуваат дека сама го напуштила клубот.

Сопственикот на клубот Вукелиќ тврди дека не бил во клубот таа ноќ, и дека надзорната камера на влезот на работи.
– Не бев во клубот критичната ноќ, а камерата за надзор на влезот на работи – рекол Вукелиќ.

Станува збор за клуб на два спрата со полно фотељи налик на кревети со мотиви на леопардова кожа и велур драперии. Келнерките се облечени во провокативни костими од кожа, а клубот е познато место за оние кои бараат секс, дрога или транссексуалци.300B510300000578-0-image-a-54_1452538325919

Клубот е познат по инциденти и проблеми со законот, па затоа е честа мета на полицијата, а во јануари 2015 година бил затворен 15 дена по дојавата дека албанската мафија таму им продава кокаин на гостите. Траги од кокаин наводно се пронајдени на фотељите, расфрлените ќесички на подот и свитканите банкноти. Полицијата се сомнева дека Ешли Олсен ја убил некој што го сретнала во клубот и ја повикал дома на секс.

Соседите различно зборуваат за клиентите на клубот, кој работи до седум наутро.

– Тоа е место во кое можете да најдете се што барате – секс, дрога, трансссексуалци – вели жена во кафулето во близина.
Полицијата наведува дека клиенти се и американски студенти, како и имигранти од источна Европа, особено Албанци, а и оние кои сакаат да купат дрога.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1