ИНТЕРПОЛ: Најмногу барани светски криминалци се Албанци – Македонија на дното на листата


Албанските државјани кои извршиле тешки кривични дел, водат на списокот на лица по кои трага Интерпол, јави дописникот на МИА.

На листата на Интерпол има дури 160 албански граѓани и тие се речиси два или трипати побројни од државјаните на Косово, Македонија и Црна Гора.interpolll site

Според веб сајтот на Интерпол, албански граѓани се 160, државјани на Црна Гора 31, на Македонија 26 и на Косово 67 криминалци. Од вкупниот број албански државани 13 се жени додека 147 се мажи и за сите нив основано се сомнева дека се кријат надвор од границите на Албанија.

Кон листата на албанските државјани по кои трага Интерпол, според веб сајтот на албанското Министерство за внатрешни работи, треба да се додадат и 122 лица за чие пронаоѓање албанските власти бараат помош од властите на други земји.

– Вкупно албанската полиција треба да стави зад решетки 282 нејзини граѓани барани во и надвор од земјата. Но, бројката треба да биде поголема, зашто во неа не се внесени извршителите на последните криминални дела кои се извршени во земјата, наведува весникот „Шќиптарја“.      

Ова се Македонци кои Интерпол ги бара низ цел свет (Фото)

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1