Интерпол објави листа на осомничени борци на ИД во Италија


Интерпол објави имиња на 50 лица за кои постои сомнеж дека се борци на Исламска држава, а неодамна пристигнале во Италија. Се претпоставува дека тие ќе сакаат да продрат во други европски држави.

Листата е подготвена од Генералниот секретаријат на меѓународанта полициска организација и кон крајот на ноември била испратена до италијанското Министерство за внатрешни работи, од каде беше дистрибуирана до сите национални антитерористички агенции во Европа.

Сите осомничени што се на листата се по потеколо од Тунис, некои од нив и се идентификувале кога пристигнале во Италија. Се претпоставува дека околу 5.500 државјани на Тунис се бореле на страната на ИД во Сирија и во Ирак.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1