Инцидент на чествувањето на Водици, вчера во Скопје – новинарка турната и повредена


За време на вчерашниот ден, на празникот Водици, додека новинарка се обидувала да земе изјава била турната, а притоа се здобила со полесни повреди.

Имено вчера во 16.00 часот во Полициската станица Центар, 39- годишната М.М од Скопје, пријавила дека истиот ден во 12 часот и 30 минутина улица „Филип Втори Македонски“, додека извршувала работни задачи како новинар и се обидувала да земе изјава од лицето што го фатило крстот на вчерашната верска манифестација, била турната од непознато лице вработено во агенција за обезбедување,што ја обезбедувала манифестацијата по повод верскиот празник Водици.

М.М, притоа се здобила со повреда на вратот. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1