Инцидент во амбулантата во Шуто Оризари – претепана медицинската сестра


Инцидент се случил вчера во амбулантата во Шуто Оризари, медицинската сестра претепана.

Како што информираат од МВР, во Секторот за внатрешни работи Скопје вчера околу 12:30 часот било пријавено дека на улица „Индира Ганди“ во ходникот на амбулантата „Шуто Оризари“ медицинската сестра Н.З.(26) била физички нападната од страна на П.А.(33).

Имено, на настанот претходела расправија меѓу пријавителката Н.З. и П.А. заради наодот од прегледот на нејзината ќерка. Потоа П.А. ја удрила пријавителката во пределот на лицето.

Се работи на целосно расчистување на настанот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1