Хаг го прогласи Шешељ за виновен, го казни со десет години што веќе ги одлежа (ВИДЕО)


Хашкиот трибунал го прогласи Воислав Шешељ за виновен и го осуди на казна затвор во времетраење од 10 години.

Сепак, Шешељ нема да оди во затвор со оглед на тоа што во притворот на Хашкиот трибунал за време на судскиот процес помина вкупно 11 и пол години.

Со првостепената пресуда, судот на Хашкиот трибунал на 31 март 2016 година го ослободи Шешељ по сите девет точки од обвинението, во кое се товареше дека со говор на омраза поттикнал и поддржал воени злосторства во Хрватска и Босна и Херцеговина за време на војните по распадот на Југославија. На пресудата се жалеше Хашкото обвинителство, а Шешељ поднесе пишан одговор на жалбата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1