Во 15 часот и 10 минути на клучката за селото Арачиново, скопско, полициски службеник сопрел возило „Сеат Алтеа“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 41-годишниот К.Е. од населба Ченто, кое се движело по клучката.
Кога застанал со возилото К.Е. излегол од истото и го нападнал полицискиот службеник. К.Е. бил изреволтиран затоа што полицискиот службеник го сопрел. Од страна на полициски службеници од Алфа лицето е приведено во полиција во Гази Баба.
Се преземаат мерки за целосно расчистување на настанот.