Дваесетина мигранти од Сирија со мачети се тепале во центарот на Демир Капија.
Во големиот инцидент има двајца полесно повредени, а еден мигрант кој е потешко повреден е пренесен со возило на Брза помош во велешката болница.
Инцидентот настанал ткако две групи мигранти се сретнале и почнале да се удираат со велосипедите. Потоа еден од мигрантите извадил нож, а потоа поголем број од нив од ранците извадиле мачети, па почнале да се удираат и бодат.
Во тепачката брзо се вмешале неколкумина граѓани на Демир Капија кои спречиле посериозен инцидент.