Инцидент во Град Скопје – за малку не се степаа советници на ДУИ и ДПА


Малку фалеше да се степаат двајца советници на денешната седница во Град Скопје, од спротивните табори на албанските партии ДУИ и ДПА. Советникот Идриз Орана од ДПА ненадејно, за време на седницата, стана од столчето и почна да му упатува закани на албански јазик на советникот од ДУИ, Алајдин Алија, јавува PlusInfo.

Претседавачот на Советот, Ирена Мишева, се обиде да ја смири тензијата и прогласи пауза од 30 минути, но не го смири гневот на советникот, кој тргна физички да се пресмета со својот колега. До поголем инцидент сепак не дојде, затоа што останатите советници застанаа помеѓу нив и успеаја да ги разделат.

Орана беше принуден да излезе надвор, а додека излегуваше продолжи да му се заканува на советникот од ДУИ. Повторно се обиде да предизвика конфликт кога влезе во салата од друга страна, но советниците уште еднаш го задржаа.

IMG_20140707_145226 IMG_20140707_145238

Foto – Plus Info

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1