ИНЦИДЕНТ ВО КУМАНОВСКО: Се слушале и истрели од оружје, две лица во болница


Две лица се повредени во инцидентот што се случи синоќа на локалниот пат Куманово-Лопате во близина на железничкиот премин во Лопате. До инцидентот  дошло по претходна расправија помеѓу две групи, пренесе МИА.

Според полицијата,  три лица од кои двајца браќа, превезувајќи се со „Фолксфаген бенто“ со кумановски регистарски таблички му го пресекле патот на автомобил „Фолксфаген шаран“ со австриски национални ознаки, во кој исто така имало три лица од кои двајца браќа близнаци.

Foto - Кумановски Муабети

Foto – Кумановски Муабети

Во „бентото“ се превезувале 33 годишниот Ф.А, 30 годишниот Ф.А и уште едно непознато лице. Ф.А излегол од „бентото“ и со рачка од пиштол, почнал да удира во страничното стакло на возачката врата на  „шаранот’. Возачот на „шаранот„ В.З (1997) го стартувал возилото и тргнал наназад, удрил во заштитната ограда, по што се слушнале неколку истрели од оружје.

Патниците од „шаранот„“ возачот В.З, неговиот брат близнак Ф.З и лицето Р.А (1995) излегле и сакале да побегнат. Р.А бил удрен со цврст предмет по главата, по што паднал. Браќата близнаци биле физички нападнати и успеале да избегаат.Ф.З и Р.А се здобиле со телесни повреди и им била укажана помош во Кумановската болница.

Полицијата трага по трите лица од „бентото“, извршен е увид по овластување на основен јавен обвинител, земени се материјали за вештачење и се работи на целосно расчистување на случајот.

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1