Швајцарскиот нуклеарен реактор „Безнау 2“ е итно исклучен.
Итното исклучување, како автоматска процедура, се случило во 14:31 часот по локално време, откако се случил инцидент во нуклеарниот дел на реакторот. Но се уште не се знае што точно се случило. По итното исклучување пареа шиштела од нуклеарниот дел на реакторот, наведува „Axpo“.
Сојузната нуклеарна инспекција ИФСН веднаш е информирана за инцидентот и таа треба да даде зелено светло за повторно придвижување на целиот систем.