Инцидент во Пржино: Тепачка меѓу Сарма и Саше Политико (Видео)


Пред поголем број присутни новинари вечерва имало индицент каде Александар Спасовски – Сарма (Сител, Прес24) му удрил шлаканица на Саше Ивановски – Политико (Мактел).tepacka 33

Инцидентот се случил вечерва пред резиденцијата на ЕУ во кој учествувале Саше Ивановски – Политико, главен уредник на порталот Мактел и голем критичар на власта, и Александар Спасовски – Сарма (Сител, Прес24).

Инцидентот настанал кога Сарма имал јавување во живо на дневникот на Телевизија Сител. Kако што опишуваат присутните, Политико во негов препознатлив стил, снимајќи со мобилен телефон почнал да довикува и провоцира, што истото се слушало и во дневникот на Сител.

Поради ситуацијата Спасовски видно нервозен почнал да довикува кон Ивановски, при што настанало буткање. Сарма заминал од местото но Саше не престанал да го провоцира повторно го вклучил мобилниот и го довикува Сарма да се врати. Тука пукнал филмот и  ‘подебелиот крај’ го извлекол Саше, добивајќи шлаканица од Сарма.

Инцидентот можете да го погледнете на видеото во продолжение:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1