Инцидент во скопска Мавровка: 23 годишно момче прободено со нож


Со две убодни рани во пределот на грбот се здобил 23 годишниот Јетон Зекири од скопски Чаир синоќа во казиното Адмирал во Трговскиот центар Мавровка во центарот на Скопје.soobrakajka-mavrovka1

Според информациите, Зекири работел како обезбедување во казиното преку агенцијата МНД Обезбедување кога се уште непознато лице го нападнало со нож.

Тој итно е префрлен во Градската општа болница каде по укажаната лекарска помош е задржан на лекување.

Од МВР и официјално потврдуваат и најавуваат мерки за откривање на сторителот и соодветна постапка против него.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1