Инцидент во Студеничани: Инспектори затвараа бизниси, народот врати со камења по специјалците


Инспекторите на УЈП и полициски сили вечерва со камења биле избркани од Студеничани. Нивната контрола завршила со затворање на два  угостителски објекта во кои не се почитувале законските обврски за забрана за пушењето и за поседување на фискални каси.

studenicani

Инспекторите на УЈП придружени со полициски сили вечерва по вторпат во последниве неколку дена влегоа во скопското село Студеничани и затворија два угостителски објекти. По затворањето на дуќаните поради непочитување на законските обврски за непушењето и поседувањето на фискални каси, реакцијата на селаните била остра. Тие фрлале со камења по полициските и по автомобилите на УЈП. Веднаш потоа дошле дополнителни полициски сили, по што инспекторите и полицијата си заминале, јави порталот Журнал.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1