Инцидент во Велешта ноќеска – 1 прободен со нож, 4 претепани


velesta-083-464x320Инцидент се случи доцна ноќеска во струшкото село Враништа, како што јави А1 он – еден жител на Лабуништа е прободен со нож, а уште четири жители од Лабуништа биле претепани од насобраната толпа граѓани.

Според кажувања на граѓани, кордон од полицајци ја држел состојбата под контрола, за да не ескалира, иако од минута во минута се поголем бил бројот на граѓани од околните населени места, Лабуништа, Октиси, Велешта, Погорци кои се собирале на излезот од Враништа.

Според информации од наши читатели имало материјална штета – но тие не чуле за повредени и претепани. Велат дека за среќа брзата интервенција на полицијата спречила да ескалира сосотојбата.

Ohrid news пак јавува дека три лица од Лабуништа се повредени во инцидент, што се случил во струшкото село Враништа.

Според првичните неофицијални информации, тие враќајќи се од прославата на изборната победа на ДПА во Струга кон Лабуништа, биле пресретнати и нападнати од непознати лица, кои им нанеле повреди со тврди предмети.

Нападнатите биле пренесени во струшката болница, каде им биле констатирани лесни телесни повреди. По укажаната лекарска помош, тие биле пуштени на домашно лекување.

Полицијата работи на расветлување на инцидентот.

OhridNews

Tags:

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1