Маж бил прободен со нож во затворот Идризово, по што итно бил пренесен во болница.
Како што информираат од МВР, вчера во 13:30 часот пријавено е дека во Скопје, во Казнено поправна установа Идризово, 24-годишниот Е.А. од Тетово, со нож го нападнал 40-годишниот Р.Ј. од село Ропалце, кумановско, по што истиот бил пренесен во Комплекс клиники „Мајка Тереза“ каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување.
Полицијата ги презема потребните мерки за целосно расчистување на случајот.