Престедателот на Европскиот совет Доналд Туск на самиот почеток од прес конференција на крајот од самитот на ЕУ лидерите рече дека немало согласнот меѓу лидерите за Северна Македонија и Албанија да добијат датум за почеток на преговорите со ЕУ. Останува одлуката да биде донесена за време на хрватското претседателствување со ЕУ, во мај 2020 –година.
Северна Македонија и Албанија не се виновни, комисијата утврди дека сторија се што се бараше од нив. Преспанскиот договор е неверојатно постигнување. Тие се подготвени, но некои земји членки не се подготвени за нив. Нема да коментирам повеќе за тоа , рече Туск.
Но имам една порака до Северна Македонија – ве молам не се откажувајте, нема потреба од фрустрација, вие го сторивте своето, ние не. Не се сомневам дека еден ден ќе станете полноправни членки на ЕУ.