Оваа недела беше поднесена граѓанска тужба против Apple, која поспецифично се однесуваше на телефонот на компанијата, iPhone 4. Според тужбата, уредот е дизајниран да се расипе по истекувањето на едногодишната гаранција…
Во тужбата се вели дека iPhone 4 има фалично power копче, кое престанува да работи некој период по истекувањето на едногодишната гаранција. Поправката за овој дефект чини цели 149 долари. Подносител на тужбата е Debra Hilton од Florida, која бара 5 милиони долари оштета од компанијата.
Hilton вели дека проблемот е во кабелот кој оди од копчето до матичната плоча. Според неа, на форумите на Apple, каде што има стотици илјади корисници дневно, честа појава било да се пријават вакви проблеми. Таа исто така споменува Youtube видео каде што се објаснува како да се поправи дефектното копче, во кое се споменува дека ова е пречест проблем.