Најмалку седум лица се убиени во Багдад од експлозија на бомба, што паднала случајно од ирачки воен авион поради технички причини, соопшти портпарол на безбедносните сили на Ирак.
„Една од бомбите во авионот ‘Сухој’ се заглавила поради технички проблеми и потоа паднала врз три куќи во Багдад, во квартот ал-Џадида, на враќање на леталото во базата“, појасни во соопштението портпаролот на безбедносните служби, генералот Сад Ман.
Експлозијата се случила недалеку од воздухопловната база Рашид, а загинале седум и ранети се уште единаесет луѓе, соопштиле болнички извори.
Авион се враќал од мисијата бомбардирање кога се случила несреќата, изјавил генералот Ман.