Иранските власти денеска соопштија дека ослободиле четвотица Американци со иранско потекло, во замена за ослободување на седуммина Иранци, што се наоѓале во затвор во САД.
Како што јавија западните медиуми, од затвор во Иран беа ослободени шефот на дописништвото на „Вашингтон Пост“ во Техеран, Џејсон Резајан и американските државјани Амир Хакмати, Саед Абедини и Сиамак Намазаи.
Претставник на иранските власти, кој побарал анонимност, информира дека четвроицата Американци со иранско биле ослободени во средата.
Тој нагалси дека седумината Иранци, кои се наоѓале во затвор во САД, чии идентитети не се соопштени, денеска допатувале во Техеран.
Во меѓу време и ослободените Американци во Иран, денеска допатуваа во Швајцарија, од каде треба да бидат пренесени во американската воена база „Ландштул“ во Германија.
По објавувањето на веста за ослободувањето на Американците во Иран, американскиот претседател Барак Обама донесе одлука за помилување на уште тројца затвореци, кои имаат државјанства на Иран и на САД, кои се обвинети за прекршување на американските санкции кон Техеран.
Станува збор за Бахрам Меканик, Тораџ Фарид и Хосров Афгахи.