Распоредувањето ракети „Патриот“ на границата на Турција со Сирија може да доведе до светска војна, што ќе ја загрози и Европа, изјави началникот на Генералштабот на иранската армија генерал Мохамед Хасан Фирузабади, објави турскиот портал „Ворлд Булитин“.
Генерал Фирузабади нагласи дека Иран сака неговиот сосед Турција да се чувствува безбедно, но го повика НАТО да не распоредува ракети „Патриот“ во реонот на турско-сириската граница.
Според него секоја од ракетите „Патриот“ е црна дамка на светската карта и предизвикува причини за светска војна.
На 3 декември министрите за надворешни работи од НАТО одобрија распоредување на ракети „Патриот“ во Турција, како одговор на барањето на Анкара за заштита на националниот воздушен простор од заканата и ризиците од кризата во Сирија. аа