Иран се подготвува да егзекутира штотуку породена жена


Амнести Интернешенел (АИ) ја предупреди меѓународната јавност дека иранските власти се подготвуваат во „следните два дена“ да извршат смртна казна врз една Иранка, која минатиот месец се породила, а кривичното дело за кое е осудена на смрт, се случило кога имала 17 години.

Смртната казна со бесење врз Зеинаб Секанванд, која сега има 22 години, била одложена, откако младата жена забременила.jaze besilka

Во затворот родила мртвороденче, за кое лекарите објаснуваат дека умрело во утробата на мајката, на два дена пред породувањето, поради шокот што таа го доживеала од егзекуцијата на нејзиниот партнер од затворот.

Иранските власти, според АИ, можат да ја променат казната, затоа што таа не била полнолетна кога се случило убиството на нејзиниот прв сопруг, за кое е осудена, но одбиваат да ги прифатат сугестиите на организацијата за заштита на човековите права.

Жената тврди дека не го убила сопругот, туку дека тоа го сторил неговиот брат, кој повеќепати пред убиството, ја имал силувано.

АИ го опишува нејзиниот случај како тажен, затоа што Зеина потекнува од сиромашно и конзервативно семејство на ирански Курди, од каде побегнала, кога имала 15 години и се омажила за својот сега покоен сопруг.

Верувала дека како омажена ќе има подобар живот од оној ка родителите, но набргу се соочила со насилството на сопругот кој речиси секојдневно ја тепал.

Повеќепати се пожалила во полицијата, но таа ниту еднаш не застанала во нејзина заштита. Барала развод и не го добила, а кога сакала да се врати кај родителите, тие јавно се откажале од неа и одбиле да ја примат дома.

Кога нејзиниот сопруг бил најден убиен, со повеќе убоди од нож, била уапсена. Во текот на судењето, тврдела дека полицијата врз неа применувала тортура.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1