Пред два дена замина за Скопје, еднаш се јави и од тогаш немаме глас од неа, изјави за Супер радио таткото на 15-годишната Маја Блажеска од селото Лешани.
Маја ја нема веќе два дена и никој нема информација за тоа каде е. Родителите го пријавиле случајот во полиција и до сите надлежни институции.
Тие испраќаат апел до сите нејзини познанички кои имаат било каква информација за тоа каде се наоѓа, да ги исконтактираат на телефонот 077/ 74-88-04 или во најблиската Полициска станица.