Исчезна Аца Лукас, му се заканува потерница


Пејачот Александар Вуксановиќ попознат како Аца Лукас, вчера не се појави на закажаното сослушување во полицијата во Заечар поради што може по него да биде распишана и полициска потерница.

aca-lukas1-Со издавање на меници без покритие, Вуксановиќ направи кривично дело измама, па поради тоа е повикан во заечарската полиција да даде изјава. Тој мениците ги дал како гаранција за долгот кон менаџерот Саша Мирковиќ, и иако бил уредно повикан не се појавил во полиција – вели извор од обвинителството за српски Курир.

Нивниот соговорник додава дека доколку во рок од два дена Аца Лукас не се појави во полиција, може против него да биде распишана полициска потрага. Неофицијално се дознава дека заечарската полиција за случајот ги известила и колегите од Нов Белград каде Лукас има пријавено престој.

– Кривичната пријава за измама му ја поднесе Мирковиќ, но обвинителството и наложи на полицијата да собере одредени информации, објаснува изворот.

Имено, Мирковиќ на Лукас му позамил 250.000 евра, а пејачот како гаранција му дал 10 меници, но тие биле без покритие.

Иако добил судска пресуда со која Лукас е обврзан да го врати долгот, Саша Мирковиќ не успеа да го наплати побарувањето бидејќи пејачот својот имот го префрлил на други лица.

Со кривичната пријава според која вчера требаше да биде сослушан, пејачот се товари и дека му се заканувал на поранешниот менаџер.

-Да се појавеше во полиција, ќе мораше да ги објасни и заканувачките СМС пораки кои му ги испраѓал на Мирковиќ, како и телефонскиот разговор во кој Лукас наводно го пцуел и му се заканувал на менаџерот, но и на членовите на неговото семејство – наведува извор од полицијата во Заечар.

Од друга страна пак адвокатот на Аца Лукас, Миодраг Вуковиќ, тврди дека тој не примил никаква покана ПС Заечар.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1