Александер Дорин, неговото вистинско име е Борис Крљиќ. Тој во својата книга тврди дека војската на Р.С. не убила 7.000 цивили туку настрадале 2.000 војници на БиХ. станува збор за книгата „Сребреница-Што навистина се случило“.
Дорин е автор и новинар, Швајцарец со српско потекло и бил одведен од својот стан. Местото каде живеел било опустошено – изваден бил паркетот, мебелот бил демолиран.
За неговото исчезнување информирала издавачката куќа “Ahriman Publishing House”, која воедно ја објавила книгата на Дорин. Тие на својата интернет страна поставила известување дека швајцарските власти го уапсиле овој автор и дека тој се наоѓа во притвор, но дека не знаат каде и дека не можат да стапат во контакт со него.
-Неодамна дознавме дека нашиот автор Александер Дорин, бил уапсен од швајцарските власти пред десет дена и дека тој од тогаш се наоѓа во затворска единица во Базел. Властите не дале никакви информации во врска со апсењето на Дорин, а ние досега не успеавме да стапиме во контакт со него. Единствено што го знаеме е дека Александер Дорин ја одбил помошта од адвокатот кој му го доделил судот. Приказните кои се појавија во медиумите, дека Дорин бил киднапиран од тајни служби, се само фантазија која има за цел да ги заштити вистинските виновници – “членовите на зависната, вазална влада”., навеле од издавачка куќа.
Што открива неговата книга?
Дорин во неговата книга „Сребреница-Што навистина се случило“, го негирал масакрот во Сребреница, тврдејќи дека не е точно дека биле убиени 7.000-8.000 луѓе, туку дека настрадале 2.000 војници на армијата на БиХ. Убиства на цивили, како што тврди, немало.
Дорин во јануари 2014 година изјавил дека Зоран Јовановиќ, (коавтор на неговата последна книга за Сребреница), починал на 13 јули 2013 година, само десет часа откако му се јавил да му каже дека успеал да откупи две снимки кои го рушат митот за Сребреница.
Иаку во книгата се зборува за манипулацијата со бројките на загинатите на муслиманската страна, а неговиот став е дека Сребреница ја измислиле Клинтон и Изетбеговиќ.
Дорин случувањата во Сребреница ги истражувал цели 14 години, а континуирано муслиманите од Базел му се заканувале.
Што се случило со него?
Во домот на Дорин, како што наведуваат некои извори, се претпоставува дека влегла група од шест полицајци, извршен бил детален претрес, изваден паркетот, демолиран мебелот. Дорин бил уапсен и одведен на непозната локација.
-Можеме да би кажеме само дека Дорин не е уапсен по налог на сојузното министерство за правда. Не знаеме дали е можеби уапсен во врска со швајцарска криминална истрага, порачале од швајцарското министерство за правда.
Александар Павиќ од Фондот за стратешка култура тврди дека бил во контакт со Дорин до 15 јуни, а потоа неочекувано била прекината секаква комуникација.