Садницата храст, што францускиот претседател Емануел Макрон во понеделникот ја донесе како подарок на американскиот претседател Доналд Трамп и која заедно ја засадија во дворот на Белата куќа во меѓувреме исчезна, пишува францускиот весник „Фигаро“.
Засега не е познато што се случило ниту каде евентуално е преместено дрвото.
Макрон на Трамп му го подари храстот на почетокот на својата тридневна посета на Вашингтон, како симбол на трајноста на пријателството помеѓу Франција и САД.
Инаку, садницата потекнува од шума во северна Франција каде животите ги загубиле 2.000 американски војници за време на Првата светска војна.