Исчезна српска манекенка – последен пат видена пред популарен сплав


Се шири фотографијата од манекенката Мина Миленковиќ која исчезна вчера во раните утрински часови на Савскиот кеј во Белград.

manekenka srbijaМина последен пат е видена вчера наутро во близина на сплавот „Ривер“, од каде излегла по караница со дечко и, оттаму и се губи трагот, пренесе Blic.

„Повеќе никогаш нема да ме видиш“, била последната порака која ја испратила на дечко и по што го исклучила мобилниот.

Загрижените роднини и пријатели ги повикуваат сите кои можеби ја виделе Мина Миленковиќ на сплавовите вчера наутро или знаат нешто повеќе за нејзиното исчезнување да се јават на бројот што го оставиле на кој можат да дадат информација во врска со немилата случка. Во потрагата е вклучен и популарниот пеач Саша Ковачевиќ

Известувањето е објавено и на официјалната страна на Кристал модел агенција“, чиј член е Мина.

Screenshot_328-556x320

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1