Џус од лубеница и портокал – Најосвежувачкиот пијалок кој некогаш ќе го направитe


Најосвежувачкиот пијалок кој некогаш ќе го направите. Комбинација од блага лубеница и помалку кисел порокал. Овој џус е здрав (ако го подготвите без засладувач), вкусен и брз. Одличен пијалок кој најубаво е да си го подготвите откако ќе завршите со работните обврски.

djus lubenicaПотребно е:

  • 500 гр лубеница
  • 1 голем портокал
  • 4-5 ливчиња свежо нане
  • неколку коцки мраз
  • засладувач, по вкус

Подготовка: Лубницата исечете ја на парчиња и внимателно извадете ги семките. Портокалот излупете го и исцедете го, а може и да го ставите цел во блендер. Сите состојки за џусот ставете ги во блендер. Миксајте додека да се соединат сите состојки и да добиете џус.

Ако сакате, џусот може да го прецедите. Сервирајте со ливчиња свежо нане и коцки мраз.

chasovipogotvenje.mk

Share Button
MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1