Исчезна три годишно дете во Штип


Дваесет и две годишната штипјанка Б.С. вчера вечерта пријавила во полиција дека исчезнал нејзиниот три годишен син.

Според мајката детето исчезнало вчера околу 16.30 часот откако претходно си играло во близина на куќата. Штипската полиција превзема мерки за пронаоѓање на детето.

18035golema

Тригодишно дете од Штип исчезнало вчера попладне. Родителите на малиот Чинар Сулејманов вчера околу 21 часот, во штипската полиција пријавиле  дека нивниот син го нема, откако утрото отишол на гости кај неговиот дедо чиј дом е во нивна непосредна  близина на улицата Каваклија.

Таткото Амди вели дека детето било облечено во сина јакна и фармерки, а поради возраста, се уште не знае да зборува добро. Полицијата во Штип ја потврди информацијата. Оттаму велат дека нивната екипа заедно со родителите и роднините, уште од вчера трагаат по малиот Чинар и апелираат, ако некој види како тригодишно дете талка по улиците, да јави на полицијата.

MK News

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1