Исчезнал брод полн со злато (Видео)


Брод со девет членови и 700 тони руда злато, исчезнал во бура, недалеку од рускиот пацифистички брег. Бродот синоќа испратил повик за помош додека пловел од Нерана кон островот Феклистов во Охотско море.

Бродот бил под закупнина на рударската компанија „Полиметал“, и требал да пренесе 700 тони руда злати од едно складиште во друго, каде што требало истото да биде преработено.

Оваа руда содржи мал процент на злато, кое се извлекува по неговата преработка. Портпаролот на „Полиметал“, не можел да соопшти колкава била вредноста на товарот.

Компанијата соопштила дека оваа рута и претходно била користена за превоз на злато и до сега немало никакви проблеми.

Првата помош која пристигнала на местото на настанот бил танкерот Новик, кој не успеал да пронајде ниту дел од товарот ниту пак некои од екипажот.

Спасувачката операција била отежната поради силниот ветер и големите бранови високи и до четири метри. Во потрагата бил вклучен и авион, но и тој не успеал да пронајде каква било трага бродот со злато.

Љубиша Владимиров

Автор инфо

No comments yet.

Остави коментар

UA-33057274-1